ПВЦ-У ФИТИНГ
Н2О Проект има широк и разновиден асортиман на ПВЦ – У фитинг, кој обезбедува континуитет, поврзување и водење на сврзувачките делови (цевки, црево..), помагајќи да се дизајнира посакуваниот облик на инсталацијата. Овој голем асортиман вклучува додатоци кои овозможуваат решенија за реалните проблеми кај објектите, секогаш со најсовремена технологија и максимална гаранција.
ВЕНТИЛИ
Н2О Проект нуди разни типови на вентили, така да можете да ги контролирате протокот на течности во својот објект со максимални гаранции на сигурност и квалитет. Во оваа група ќе најдете лептир вентили, кугласти вентили, неповратни вентили, SYSTEM CHECK VALVES ®, воздушни вентили (NET ®), аголни вентили...
ПВЦ-У ЦЕВКИ и ЦРЕВА
ПВЦ – У цевки и црева се засновани на понуда на решенија од различен дијаметар и ПН кои ќе ги задоволат потребите на клиентите. Во нашата понуда имаме цевки со пречник 20 до 400, како и флексибилни црева со пречник од 20 до 90.
ГРПП ОГРЛИЦИ
ГРПП Огрлици се погодни за изработка на спојници и колектори со пречник од 160 до 400, со единствени решенија на пазарот. Во споредба со традиционалните додатоци, обезбедуваат значајни уштеди во материјалот и изработката, максимизирајќи го профитот во објектот.
NETVITC SYSTEM®
Netvitc System® е систем на механички споеви заснован на "J-Bil" врска и Netvitc System®, кој овозможува брзо спојување на елементите. Неговата модуларност овозможува директно да се комбинираат споевите, вентилите и материјалите со што се остваруваат значајни заштеди и максимални гаранции за квалитет.